

Почитувани,
Ве известуваме дека во Вторник (07.06.2016) со почеток во 12 часот во салата за состаноци на Машински Факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе има јавна одбрана на магистерски труд на тема „СИСТЕМИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ЕВИДЕНЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА“ од страна на дипл. маш. инж. Михајло Иванов.
Почитувани соработници,
Со задоволство Ве информираме дека Министерството за труд и социјална политика на Р.М. постапувајќи по барањето бр. 08-8897/1 од 01.10.2015 год. поднесено од страна на Здружението за безбедност при работа „28-ми АПРИЛ“ – Скопје, го донесе решението под број
08-8897/2 од 05.10.2015 год. , со кое се стекнавме со одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа.Подолу може да го преземете повикот за учество.
Conference Inviation Second Call 2015
Покана за конференција 2015 година, втор повик
На 10.09. и 11.09.2015 год. на Машинскиот факултет – Скопје во 11 часот во просторија К2-14, колегите Петре Спасов и Жика Ѓориќ ќе ги бранат своите магистерски трудови со наслов:
- Влијание на осветлувањето на безбедноста на работното место (10.09.2015 – Жика Ѓориќ)
- Систем за безбедност и здравје при работа во рудници со површински коп и насоки за подобрување (11.09.2015 – Петре Спасов).
Секој оној (поединец или фирма), кој има идеја, проект во врска со областа на безбедност при работа, може да го смета здружението за средство – алатка за реализација на своите заложби за безбедна и сигурна работа.
28-ми Април